Реал Мадрид оди по потпис на ѕвезда на Баерн Минхен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги разгледува достапните опции на трансфер-маркетот, а според медиумите, Флорентино Перез бил заинтересиран за Џошуа Кимих од Баерн Минхен.

Реал Мадрид сака да потпише договор со Кимих, но дури во 2024 година, кога ќе заврши ерата на Тони Крос и Лука Модриќ, а во прилог на „кралевите“ им оди и тоа што ѕвездата на Баерн има договор до 2025 година.

Засега не е познато колку пари се подготвени „кралевите“ да понудат за услугите на Кимих, па за тоа ќе мора да се чека до следното лето, а во меѓувреме Реал Мадрид се фокусира на Џуд Белингам и Килијан Мбапе.