Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл не добива преголема шанса во дресот на Реал Мадрид сезонава, па поради тоа шпанските медиуми објавија дека ќе биде продаден следното лето.
Реал Мадрид игра многу добро и без него во составот, па сака да се ослободи од Бејл, кој добива 15 милиони евра годишно за плата, а има договор до 2022 година.
„Кралскиот клуб“ порачал дека ќе го продаде Бејл за сума од 55 милиони фунти, која не е премногу висока и може да си ја дозволат неколку клубови од Премиерлигата.
Како што е познато од претходно, Манчестер јунајтед и Тотенхем покажаа интерес за искусниот фудбалер, па на лето сигурно ќе водат голема битка за неговиот потпис.