Реал Мадрид по петти пат стана светски клупски шампион (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид синоќа славеше против Ал Хилал од Саудиска Арабија со 5-3 во финалето на Светското клупско првенство.

Винисиус Жуниор и Федерико Валверде постигнаа по два гола за „кралевите“, додека еден гол беше дело на Карим Бензема.

За Ал Хилал два гола даде Лучијано Вието, а еднаш стрелаше Муса Марега, но тоа не беше доволно да се запре шпанскиот гигант на пат кон петтата титула.

„Кралевите“ претходно го освоија турнирот во 2014, 2016, 2017 и 2018 година.