Реал Мадрид победува, но повредите се зголемуваат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е на првото место во Ла Лига по победата против Кадиз од 3-0, но тренерот Карло Анчелоти доби лоши вести по натпреварот.

Лука Модриќ се повреди на мечот против Кадиз и го напушти теренот во 68. минута, а медицинските прегледи треба да покажат колку време ќе паузира.

Ова е уште еден голем проблем за Анчелоти, кој веќе не може да смета ниту на Чуамени, Камавинга и Ѓулер во средината на теренот поради повреди.