Реал Мадрид подготви мамка за да го доведе играчот на Наполи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе не е тајна дека Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз.

Кралскиот клуб ова лето ќе се обиде да го донесе шпанскиот играч од средниот ред, кој веќе извесно време покажува навистина добри игри во дресот на клубот во Неапол.

Овој 28-годишен фудбалер е на мета на Барселона и Манчестер Сити, но се чини дека Реал Мадрид покажа најголем интерес за него. Кралевите веќе подготвија понуда за него што би можело да биде многу интересна за Наполи.

Според италијанските медиуми, Реал покрај парите ќе понуди и еден играч, а тоа е Лукас Васкез. Тој има договор со „Кралевите“ уште една година, но очигледно е дека не размислуваат во Реал Мадрид да ја продолжат соработката.

Лукас не играше добро досега оваа сезона, а во Реал веруваат дека тој ќе биде одлична „мамка“ во доведување на Фабијан Руиз на „Сантијаго Бернабеу“.