Реал Мадрид повторно ги воодушеви своите навивачи (ВИДЕО)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


По пристигнувањето на Лука Јовиќ, Реал Мадрид преку официјалната страна го претстави и дресот за следната сезона.

Турбулентната сезона за „кралевите“ конечно заврши, па тие се надеваат дека во наредната ќе биде многу подобра и дека Зинедин Зидан ќе направи тим, со кој ќе освои неколку трофеи.

Според првите денови од летото, би можело и такво нешто да се случи. „Кралевите“ потпишаа договор со Јовиќ, а се очекуваат уште неколку засилувања на „Сантијаго Бернабеу“.

Во меѓувреме Реал официјално го претстави новиот дрес за кој се пишуваше веќе долго време. Ѕвездите на клубот се фотографии во новиот дизајн на дресот на „Адидас“, кој е бел со златни детали и изгледа навистина совршено.