Реал Мадрид продава шест фудбалери за да купи нови две ѕвезди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу тимови за време на пандемијата на ковид-19 завршија во финансиски проблеми, но и покрај тоа, се планираат големи трансфери на лето.

Реал Мадрид планира да направи промени во екипата, а во моментов на нивната листа со желби се наоѓаат Килијан Мбапе од ПСЖ и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

„Мундо Депортиво“ објави дека Реал ги сака и двајцата, но затоа ќе мора да продава фудбалери на лето, и тоа дури шест играчи.

На листата за отстрел се Герет Бејл, кој во моментов е на позајмица, а исто така треба да си замине и Рафаел Варан, како и Иско.

Дури и клупските легенди како Серхио Рамос и Марсело најверојатно ќе заминат, а не е исклучена можноста од тимот да биде исфрлен и Еден Азар.

Шеста ѕвезда на која ѝ се планира продажба е Винисиус Жуниор, а со тоа би собрале доволно пари за Халанд и Мбапе.