Реал Мадрид рутински го реши Челси, Милан го преживеа пеколот во Неапол (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше и во реваншот против Челси со 2-0 и така се пласира во полуфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), а место меѓу најдобрите четири екипи избори и Милан кој одигра 1-1 против Наполи.

Челси пропушти неколку шанси во првото полувреме, по што казната стигна преку Родриго во 58. минута, а истиот фудбалер во 80. минута го постигна и вториот гол за конечни 2-0.

Оливие Жиру промаши пенал против Наполи во 22. минута, но потоа се поправи и во 43. минута погоди за 1-0.

Кварацхелија доживеа иста судбина како Жиру од белата точка, откако ударот му беше одбранет од Мењан, по што во финишот Осимен погоди за 1-1.