Реал Мадрид сака Аргентинец, ама Бенфика не го дава за помалку од 120 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Енцо Фернандез е еден од фудбалерите кои блеснаа на Мундијалот во Катар, па сега Бенфика ги чека понудите за негов трансфер.

Новинарот Педро Сепулведа објави дека Бенфика сè уште не договорила трансфер на Фернандез во ниту еден тим, затоа што бара 120 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Ливерпул и Реал Мадрид се заинтересирани за неговите услуги, меѓутоа ќе мора да ги задоволат финансиските барања на португалскиот тим.

Интересно е тоа што Бенфика го купи пред шест години за 18 милиони евра.