Реал Мадрид сака да го купи „новиот Нејмар“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид мисли на иднината и затоа планира да ангажира нови млади фудбалери кои ќе можат да играат во првиот тим.

„Дефенса Сентрал“ објави дека „кралевите“ веќе почнале преговори со 18-годишниот Антонио Нуса, кој привлече интерес и од Челси.

Многумина го споредуваат младиот Нуса со бразилскиот фудбалер Нејмар поради неговите способности и квалитети.

Челси во завршницата на преодниот рок сакаше да го купи за 30 милиони евра, но понудата беше одбиена од Клуб Бриж.

Реал во следниот период треба да испрати понуда до белгискиот тим и да го убеди Клуб Бриж да им го продаде Нуса.