Реал Мадрид сака да го земе Мбапе, а да не даде ниту евро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше блиску до потпис со Реал Мадрид пред неколку сезони, но тој реши да остане во ПСЖ каде што доби одлични услови.

Шпански „АС“ пишува дека „кралевите“ не се откажале од идејата да го ангажираат Мбапе и наводно сакаат тоа да го направат без да дадат ниту евро.

Мбапе лани потпиша договор со ПСЖ до 2025 година, иако има опција да замине целосно бесплатно една година порано и тоа сака да го искористи гигантот од Мадрид.

Засега нема конкретни потези од страна на „кралевите“, но дефинитивно Флорентино Перез не се откажува од идејата да изгради страшен тим затоа што го сака и Ерлинг Халанд од Манчестер сити.