Реал Мадрид сака да ја засили одбраната со дефанзивец на Баерн Минхен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ферланд Менди е прв избор во Реал Мадрид веќе неколку сезони, но неговите настапи не се најдобри и затоа раководството бара ново решение во одбраната.

„Мундо Депортиво“ пишува дека „кралевите“ се заинтересирани за 27-годишниот Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен и планираат идното лето да тргнат по неговиот потпис.

Дејвис е еден од најдобрите леви бекови во Европа, а оваа сезона постигна еден гол и четири асистенции на 22 настапи во Бундеслигата.

Неговиот договор со баварскиот гигант завршува во 2025 година, па Реал ќе има тешка мисија да го обезбеди неговиот потпис.

На листата со желби на „кралевите“ се наоѓаат и Хозе Гаја од Валенсија и Жереми Фримпонг од Баер Леверкузен.