Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот дефанзивец Рафаел Варан ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, барем така пишуваат шпанските медиуми, а како негова следна дестинација се споменува Манчестер јунајтед.
Варан има договор со „кралевите“ до 2022 година и ако не потпише наскоро нова соработка, тоа ќе значи дека на лето ќе биде продаден и најверојатно неговата цена ќе изнесува 50 милиони евра.
Варан е на „Сантиаго Бернабеу“ веќе 10. сезона и моментално заработува шест милиони евра и се уште не може да најде заеднички јазик со Реал за нов договор.
Поради тоа „кралевите“ се спремни да ја прифатат понудата на Јунајтед и да инвестираат во нов врвен дефанзивец.