Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Карим Бензема игра одлично оваа сезона и претходната, па поради тоа ја доби „Златната топка“, но сепак има 34 години и јасно е дека нема да игра уште долго на врвно ниво.
Претседателот на шпанскиот шампион Флорентино Перез сака да ангажира нов напаѓач, а изборот паднал на Габриел Жесус кој игра одлично во редовите на Арсенал и му помага на гигантот од Лондон да биде на врвот во Премиерлигата.
Жесус постигна пет гола и седум асистенции на 12 настапи во англиското првенство, а засега не е познато колку пари ќе бара Арсенал за неговите услуги, иако сигурно „топчиите“ ќе бараат многу пари затоа што го купија за 55 милиони евра, а притоа тој потпиша договор до 2027 година.