Реал Мадрид сака ново „чудо од дете“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на шпанскиот тим Реал Мадрид планира идното лето да потроши 60 милиони евра за талентираниот фудбалер на Лил, Лени Јоро.

Јоро е на радарот на „кралевите“ веќе некое време, а тие се подготвени да испратат богата понуда до Лил за да го добијат потписот на младиот дефанзивец.

Неговиот договор со Лил важи до 2025 година, а тоа е дополнителна причина поради која францускиот тим ќе се обиде да извлече што е можно повеќе пари за Јоро.

„Кралскиот клуб“ со овој потег покажа дека мисли на иднината, а пред неколку дена во медиумите се шпекулираше дека го договориле Килијан Мбапе од ПСЖ.