Реал Мадрид се надмина: Што ќе ви покаже ако на Гугл напишете Лука Модриќ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид синоќа победи на домашен терен против Реал Сосиедад со пресврт (4-1), а фантастичен гол постигна Лука Модриќ од 20 метри.

Ојарзабал го отвори мечот со гол од пенал, но „кралевите“ до крајот на првото полувреме преку Камавинга и Модриќ стигнаа до 2-1.

„Кралевите“ до крајот на натпреварот постигнаа уште два гола, а во листата на стрелци се запишаа Карим Бензема и Марко Асенсио.

По натпреварот „кралевите“ на Твитер на фантастичен начин го опишаа настапот на Хрватот, кој сезонава игра одлично, иако има 36 години.

Реал Мадрид објави фотографија и покажа што ќе излезе кога ќе напишете Лука Модриќ на Гугл.