Реал Мадрид се соочува со проблеми поради – Давид Алаба?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид Алаба стигна во Реал Мадрид од Баерн Минхен како слободен фудбалер и засега тој е единственото засилување на шпанскиот гигант.

„Кралевите“ се збогуваа со Серхио Рамос, а најверојатно ќе биде продаден и Рафаел Варан, па од Алаба се очекува да замени некого на стоперската позиција.

Се шпекулира за заминување на овој тандем уште одамна, а сега е пред остварување на најавите, па ќе мора очигледно Алаба да покрие некоја од тие позиции, иако репрезентативецот на Австрија нема таква желба.

Алаба не сака да игра во дефанзивниот ред на тимот, туку сака да биде во средниот дел од теренот, па тоа би можело да му создаде проблеми на тренерот Карло Анчелоти, кој е познато по промената на позициите на неговите фудбалери.