Реал Мадрид се соочува со сериозен проблем поради Герет Бејл…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мадридски Реал се најде во огромни проблеми поради Герет Бејл.

Тренерот на мадридскиот тим Зинедин Зидан го отпиша Велшанинот и на неговите услуги не смета во следната сезона, па клубот со сите сили се обидува да го продаде.

Меѓутоа тука наидоа на големи проблеми. За 29-годишниот офанзивец интерес нема. Никој не сака фудбалер со висока плата и проблеми околу повредите, па извесно е дека Реал нема да може да го продаде.

Кралевите дури размислуваат и за опција на позајмица. Сепак, и тука е проблем платата од 15 милиони фунти годишно, па Реал се најде во тешка позиција и едноставно не можеше да се ослободи од Велшанецот.

Исто така, Реал Мадрид порано ја одреди цената за Бејл и порача на заинтересираните клубови дека тој може да замине за 130 милиони евра што за многумина е навистина висока цена за него.

Платата која ја бара Бејл ги заинтересира клубовите да се насочат кон другите играчи. Велшанинот бара седмична плата од дури 600 илјади долари.

Токму таква плата би можела да го однесе надвор од Европа. Сандеј Мирор во своето денешно издание тврди дека Бејл е подготвен да го напушти Стариот континент и да ја прифати понудата од клубовите од Азија и Амрика.

Како што се наведува, Велшанинот е заинтересиран за заминување во Кина, Соединетите Арапски Емирати, но и САД. Се ќе зависи од по нудите кои ќе ги добие, но тешко е да се поверува дека некој европски тим ќе ја понуди цифрата која ја бара.

Бејл во текот на шест години во Мадрид одигра 22 натпревари за Кралевите и постигна 162 погодоци.