Реал Мадрид се засилува со најголемиот хит сезонава – Ерлинг Халанд?! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерлинг Браут Халанд на 31 меч постигна 40 голови во сите натпреварувања, а не му пречеше ниту промената на средината. Тој постигна 12 голови во првите девет меча во Борусија Дортмунд, а неговиот татко веќе му бара нов клуб.

Таткото на Халанд очигледно го понудил син му на еден гигант, а тоа го открил во интервју за медиумите.

„Халанд го посакуваат повеќе од 100 клубови, но шпанската лига е одлична за мојот син. Освен тоа, мојот син сака да игра со Одегард, кој е одличен фудбалер“, па најави дека тие двајца би можеле да соработуваат во дресот на „кралевите“.

Доколку Халанд стигне на лето во Мадрид, тоа значи дека Лука Јовиќ ќе може да си ги спакува куферите и да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.