Реал Мадрид толку пари за засилувања не потрошил десет години


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид тргна во реконструкција на тимот, како што се очекуваше и во претходните месеци, па досега ангажираше четири засилувања.

Откако пристигнаа Родриго од Сантос и Диего Милитао од Порто, „кралевите“ ги потврдија и трансферите на Еден Азар и Лука Јовиќ.

На Родриго беа потрошени 45 милиони евра, на Милитао 50, Јовиќ 60 и Азар 100 милиони евра, со тоа што трансферот на Белгиецот може да изнесува и до 130 милиони со бонуси.

Тоа занчи дека „кралевите“ досега потрошија 255 милиони евра, а тоа е најголема сума за засилувања, по 2009 година и пристигнувањето на Кристијано Роналдо.

Освен најдобриот фудбалер на Реал во историјата, тоа лето клубот го засилија Кака за 67 милиони евра, Карим Бензема за 35, Чаби Алонсо за 34, Раул Албиол за 15, Алваро Негредо за пет и Естебан Гранеро за четири.

Секако, се очекува до крајот на преодниот рок Реал да донесе уште неколку засилувања, а следен трансфер се очекува да биде Кристијан Ериксен.