Реал Мадрид во битка со Барселона и Атлетико за талентиран словенечки напаѓач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Салцбург е една од екипите кои произведуваат голем број таленти во последните неколку години, а некои од нив се Ерлинг Халанд, Доминик Собослаи и Карим Адејеми, но сега сите очи се вперени кон талентираниот словенечки напаѓач Бенџамин Шешко.

„Диарио АС“ објави дека Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид се заинтересирани за одличниот фудбалер и го следат неговиот напредок, па би можеле наскоро да тргнат по неговите услуги.

Шешко е висок 195 сантиметри и веќе делува како квалитетен напаѓач, а досега за Салцбург постигна 12 гола и осум асистенции, иако има само 19 години.

Трите шпански гиганти будно ќе го следат Шешко, но не се очекува до крајот на летово да го купат, туку најверојатно ќе почекаат до следното лето кога ќе тргнат по неговиот потпис.