Реал Мадрид во две сезони во Ла Лига постигна 20 голови од пенал!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во последните три натпревари на Реал Мадрид беа досудени три пенали, а од тоа два беа важни во победите на „кралевите“.

Реал славеше против Атлетик и Хетафе со 1-0, а во двата меча Серхио Рамос постигна гол од пенал. Против Алавес (2-0) Бензема од белата точка стрелаше за водство од 1-0.

Пеналот против Алавес беше четврти пенал кој беше досуден за екипата на Зинедин Зидан по рестартот на сезоната.

Реал сезонава реализираше 10 пенали во првенството, додека во корист на нивните ривали беа досудени само два пенали.

Реал во последните две сезони има дури 20 пенали и така го израмни рекордот од 1982 и 1984 година.