Реал Мадрид во трка за отпишана ѕвезда на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид повторно сака да се засили со фудбалер на Челси, а овој пат изборот паднал врз Американецот Кристијан Пулишиќ.

„Дефенса Сентрал“ објави дека Пулишиќ е една од желбите на „кралевите“ за следното лето, па наскоро ќе почнат преговори со Челси за цената на Американецот.

Пулишиќ пристигна во Лондон од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра пред четири години, а имаше добри и лоши моменти на „Стемфорд бриџ“, но никогаш не успеа да го замени Еден Азар како што беше планот на управата.

Американецот оваа сезона одигра само 799 минути за премиерлигашот поради повреда, а притоа постигна еден гол и две асистенции во 21 настап.