Реал Мадрид загуби двајца важни фудбалери пред реваншот со Сити


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид во неделата доживеа неочекуван пораз на гости кај Бетис со 1-2, но лошите вести по мечот не престанаа да пристигнуваат.

„Кралевите“ му го препуштија лидерското место во Ла Лига на ривалот Барселона, па сега имаат два бода помалку од нив.

Сепак, поразот против Бетис направи и други проблеми на Реал, зашто Зинедин Зидан загуби двајца играчи, односно Марсело и Тибо Куртоа.

Зидан најверојатно нема да може да смета на тие двајца во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони, а тоа е голем проблем бидејќи Реал има негатива од 1-2 од првиот меч.

Се очекува на голманската позиција да биде Ареола, а како лев бек ќе игра Менди.