Реал Мадрид заинтересиран за напаѓач од 115 милиони евра

Шпанскиот гигант Реал Мадрид речиси ја загуби трката за титулата во Ла Лига, па затоа Флорентино Перез нема да штеди пари идното лето за да го засили својот клуб.

Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ се подготвени да купат нов напаѓач, а наводно тие се заинтересирани за Ромелу Лукаку.

Лукаку во моментов игра на позајмица во Интер и не сака да се врати во Челси, кој го купи за 115 милиони евра.

Белгискиот напаѓач немаше добри моменти во Лондон и затоа си ја бара среќата некаде далеку од Премиерлигата, а Ла Лига би можела да биде негова следна дестинација доколку Реал Мадрид се реши да тргне по неговиот потпис.