Реал Мадрид заинтересиран за ново „чудо од дете“ кое чини – 100 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид го помлади составот и претседателот Флорентино Перез има намера да продолжи во тој правец и во следниот период.

Џуд Белингам, Орелиен Чуамени и Едуардо Камавинга се трио од кое се очекува да доминира во следните години во европскиот фудбал, но Перез сака да додаде уште еден играч во својата екипа.

Шпански „Спорт“ пишува дека Флориан Вирц се наоѓа на листата со желби на Реал Мадрид, но Баер Леверкузен за неговиот потпис бара 100 милиони евра.

Вирц е вистинска сензација откако влезе во првиот тим на „фармацевтите“ и со неговите квалитети го привлече вниманието на европските гиганти, меѓу кои се и „кралевите“.