Реал Мадрид заврши со Јовиќ: Ќе го продаде Србинот во Англија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да го продаде Лука Јовиќ на лето бидејќи српскиот репрезентативец не ги оправда 60 милиони евра кои беа вложени во неговиот трансфер.

Јовиќ во 2019 година потпиша за „кралевите“ во трансферот од Ајнтрахт Франкфурт, но се покажа како големо разочарување и едно од најлошите засилувања во историјата на тимот.

Карим Бензема игра во врвна форма, а тоа му направи дополнителен проблем на Јовиќ, кој не доби шанса во екипата, а исто така од лето се очекува да пристигне Килијан Мбапе во тимот, па јасно е дека за Србинот нема повеќе место.

Српскиот напаѓач најверојатно ќе се пресели во Премиерлигата од каде што интерес покажува Арсенал, додека кандидати за неговиот потпис се уште и Вест хем и Обамејанг.