Реал му даде само два гола на Челси, Милан подобар од Наполи (Видео)

Вечерва се одиграа вторите два меча од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), при што триумфи остварија Реал Мадрид против Челси (2-0) и Милан против Наполи (1-0).

Наполи имаше шанси против „росонерите“, кои не ги користеше, па казната стигна преку Бенасер во финишот на првото полувреме.

Реал ја оправда фаворитската улога и славеше со 2-0 против Челси, откако најпрво погоди Бензема, а потоа стрелаше и Асенсио.