Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На Сантијаго Бернабе ќе стигне алтернатива за Би-Би-Си триото.
И порано пишувавме дека напаѓачот на Лацио е на мета на Реал Мадрид и Барселона.
Сега шпанските медиуми соопштија дека се е готово и дека кралскиот клуб е на чекор да добие засилување.
Зинедин Зидан од следната сезона на располагање ќе го има и Кеита Балде.
Мундо Депортиво соопшти дека работата е готова и дека Сенегалецот ќе потпише 5-годишен договор.
Сепак, не е се договорено со Лацио бидејќи е познато дека претседателот Клаудио Лотито е тврд преговарач.
Но, нема сомневање дека Флорентино Перез ќе има доволно начини да го убеди Лотито да го пушти младиот напаѓач во престолнината на Шпанија.
Кеита игра на позиција десно крило, а на 39 натпревари за Лацио постигна 5 погодоци и запиша 8 асистенции.
Има 21 година, беше во школата на Барселона од каде Лацио го купи за 300 илјади евра во 2011-та година.
Неговата цена на пазарот е околу 10 милиони евра.