Реал се откажа, но не и Јувентус: Клубот од Торино тргнува по Погба во јануари?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот весник близок до Јувентус, „Тутоспорт“ пренесува дека актуелниот шампион на Италија ќе се обиде да го донесе Пол Погба во јануарскиот преоден рок.

Имено, во Јуве се уште размислуваат, но би можеле да испратат понуда на адреса на „Олд Трафорд“ за услугите на францускиот фудбалер.

Погба си замина од Јувентус во 2016 година, но сега сака да си оди од Манчестер Јунајтед, а откако Реал Мадрид го откажа интересот за евентуален зимски трансфер, тоа ќе се обиде да го искористи тимот на Јувентус.