Реал влегува во потрага по замена за Лука Модриќ

Реал Мадрид ќе влезе во потрага по долгорочна замена за хрватскиот интернационалец, Лука Модриќ.

„Кралевите“ му фрлиле око на фудбалерот на Наполи, Фабијан Руиз кој е голема желба и на тимот на Барселона.

23 годишниот фудбалер игра одлично во италијанскиот клуб, но засега и Реал Мадрид и Барселона не се согласуваат да платат 70 милиони евра, колку што бара Наполи за неговиот потпис.