Ребиќ по епизодата во Бешикташ се врати во Серија А


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ ја продолжи кариерата во Италија по епизодата во турски Бешикташ.

Ребиќ не се прослави во турската Суперлига, па затоа се враќа во Серија А каде што во минатото го носеше дресот на Милан.

Хрватот потпиша договор со Лече, а во минатото играше и за Фиорентина, Верона, Ајнтрахт и Лајпциг.