Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Советникот во екипата на Ред Бул, Хелмут Марко вели дека борбата за титулата во новата сезона ќе ја водат Макс Ферстапен и Шарл Леклер.
Холанѓанецот ја доби трката во Џеда, додека Леклер беше најбрз во првата трка од шампионатот во Бахреин и во моментов е на лидерската позиција.
„Имаме ново ривалство. Мене искрено ми се допаѓа борбата со Ферари, и тоа повеќе од Мерцедес. Многу е поконкретна, отколку што беше случај со Макс и Луис претходната година. Двете трки беа фантастични“, вели Марко.
Мерцедес во моментов има проблеми и на стартот на сезоната не може да им се спротистави на Ред Бул и Ферари.