Редовен стартер во Премиерлигата се пензионира поради проблеми со срцето! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека Енок Мвепу морал да ја заврши фудбалската кариера на само 24 години поради тоа што има проблеми со срцето.

Редовниот стартер на Брајтон во Премиерлигата мораше да ги пропушти последните два меча против Ливерпул и Тотенхем поради здравствени проблеми, а деталните прегледи ја покажаа вистинската причина.

Брајтон информира дека Мвепу го наследил срцевиот проблем од неговото семејство, па испрати голема поддршка до младиот играч, кој се повлече од фудбалот.