Рефлексот на Тер Штеген против Мајорка е вистинско чудо 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона успеа да слави со 1-0 против Мајорка, иако каталонскиот гигант на тешкото гостување замина без најважните фудбалери, сепак на крајот успеа да освои три бода.

Гол за победа постигна Лук де Јонг, човек кој беше отпишан од Чави и кој е пред заминување од екипата без оглед на победничкиот гол.

Сепак, најголеми заслуги за триумфот има голманот Марк Андре Тер Штеген, кој исто така е критикуван од навивачите во текот на целата сезона.

Во судиското надополнување германскиот голман имаше неверојатна интервенција со една рака, по што покажа дека има фантастичен рефлекс.

Тер Штеген е опасен и силниот удар го запре во стил на ракометните голмани, а неговата реакција покажува за колку важна одбрана станува збор.