Рејнолдс купи акции во тим од Формула 1


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени купија фудбалски клуб со кои имаа успех, па сега решија да купат и 24 отсто од акциите на тимот Алпин од Формула 1.

За акциите ќе исплатат 200 милиони евра, а нивна намера е да инвестираат во тимот кој во моментов е на петтото место во конкуренција на конструктори.

Наследникот на Рено дебитира во Ф1 во 2021 година и досега има една победа и три подиуми. Во моментов за тимот возат Пјер Гасли и Естебан Окон.