Рекорден трансфер на Лестер: Стигнува уште еден напаѓач


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Актуелниот англиски шампион Лестер ги засили своите редови со уште еден напаѓач.

Како што наведуваат англиските медиуми, нов член на Лисиците ќе стане напаѓачот Ислам Слимани, кој доаѓа од редовите на лисабонски Спортинг.

Наводно, се е веќе договороено со 28-годишниот напаѓач кој англискиот шампион ќе го чини 25 милиони фунти.

Слимани во тимот од Кинг Пауер стадионот ќе се придружи на сонародникот Ријад Марез, а одличниот напаѓач ќе стане најскап играч во историјата на клубот.

Претходниот рекорд го држеше Ахмед Муса со 16.6 милиони фунти.