Рекордер: Фудбалер на Барселона дури 26 пати бил позитивен на корона!


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Малку неверојатна вест доаѓа од Шпанија. Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто дури 26 пати бил позитивен на тестот за корона.

Роберто беше надвор од терените од ноември 2020 година, кога ја повреди ногата, а притоа се зарази и со ковид-19.

Со оглед на тоа дека правилата се дека мора да има два негативни тестови по ред за да може да игра, Роберто немаше среќа, иако немаше симптоми, сепак тестовите му беа позитивни.

Дури од 27. обид неговиот тест бил негативен и можеше да се врати на теренот. Се врати во мечот против Атлетик Билбао, кој Барселона го доби со 2-1.