„Рекордот го остварив благодарение на соиграчите“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентина се пласира во финалето на Копа Америка со убедлив триумф против Соединетите држави од 4:0, овој меч го одбележа Лионел Меси кој стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

„Овој рекорд го остварив благодарение на моите соиграчи. Пред да дојдеме, целта  беше да избориме финале, и во тоа успеавме. Од првиот ден играме одлично и целосно го заслуживме финалето“, рече Меси.

Напаѓачот на Барселона е водечки на листата на стрелци со 55 голови за Аргентина, еден повеќе од Габриел Омар Батистута.