Реми на Работнички и Шкендија, Ренова со лесна победа против Вардар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Работнички одигра многу добар натпревар на Националната арена „Тодор Проески“ и освои бод против Шкендија (0-0).

Вардар одигра слаб натпревар и доживеа убедлив пораз од Ренова на гости кај Ренова. Ренова славеше со 3:0, а головите ги постигнаа Шефити и два Селмани.

Александар Васоски дојде до прв триумф со Академија Пандев. „Пандевци“ на домаше терен славеа со Македонија Ѓорче Петров со резултат 2:1. Радески ги доведе Струмичани во водство после 10 минути игра, Божиновски изедначи во вториот дел, а Крстоски на четири минути пред истекот на регуларните 90 донесе победа за домаќините.

Пелистер со гол во 92. минута дојде до победа против Струга Трим Лум, минимална победа запиша и Шкупи на гости во Кратово кај Силекс, додека Борец дома триумфираше со Беласица 2:1.

Фото: ФК Работнички