Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Велшкиот фудбалер Арон Ремзи е едно од најновите засилувања на Јувентус.
Како и бројните ѕвезди пред него, така и тој стигна како слободен играч и тоа откако му истече договорот со Арсенал, а во новиот клуб сигурно ќе има многу значајна улога.
Некогашниот Топџија избра нов број во Јуве. Како што се шпекулираше, тоа е бројот кој некогаш во овој клуб го носеше Пол Погба.
Последен кој го носеше број осум во редовите на Старата дама беше Клаудио Маркизио кој повеќе од година дена не е член на клубот.