Ремзи му се извини на Роналдо бидејќи му го „украде“ голот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Везниот фудбалер од Велс, Арон Ремзи мораше да му се извини на Кристијано Роналдо бидејќи синоќа му го украде погодокот во Лигата на Шампионите.

Јувентус гостуваше кај Локомотив во Москва и до водство дојде во 3. минута од натпреварот. Кристијано Роналдо изведе слободен удар, а голманот на домаќините направи голема грешка бидејќи топката му пројде меѓу нозе, а неа од линијата во мрежата ја „забодe“ Арон Ремзи.

На почетокот се сметаше дека тоа е гол за Роналдо во овој натпревар, но подоцна сепак е потврдено дека стрелецот на овој гол е Арон Ремзи кој топката само ја чепна во последен момент пред да ја помине гол линијата.

Многумина сметаат дека Велшанецот на овој начин го украл голот од првата звезда на тимот што на Роналдо воопшто не му се допаднало, а некогашниот играч на Арсенал одлучи да се извини после натпреварот.

„Му се извинувам на Кристијано. Имав чувство дека голманот е многу поблиску до топката и дека е можно да ја стигне и да не постигнеме погодок. Инстинктивно реагирав за да бидам сигурен дека топката ќе премине преку линијата“, рече Ремси.

Инаку, Старата дама на овој натпревар постигна победа со резултат од 2:1.