Ренџерс даде гол, но Франкфурт израмни, па на пенали го нокаутира тимот од Шкотска (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ајнтрахт Франкфурт славеше по изведување на пенали со 5-4 против Ренџерс во финалето на Лига Европа и така се закити со престижниот трофеј.

По првото полувреме во кое мируваа мрежите, Ренџерс прв стигна до водство со голот во 57. минута на Арибо, но радоста на екипата од Шкотска не траеше долго затоа што Боре во 69. минута израмни на 1-1.

Возбудувањата продолжија и во следните минути, па двете екипи имаа по неколку добр шанси, но сепак ниту еден од нив не беше прецизен во регуларните 90 минути.

Голов немаше ниту во продолженијата, па натпреварот мораше да се решава на пенали, а таму беше подобар тимот на Франкфурт со 5-4.