Решен проблемот на Австралијан опен? Ѓоковиќ може да игра под еден услов!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Премиерот на Австралија, Скот Морисон кажа дека невакцинираните тенисери мора да бидат во двонеделен карантин поради пандемијата на ковид-19, ако сакаат да играат на гренслем-турнирот Австралијан опен.

„Истите правила важат за сите, без оглед дали станува збор за победник на гренслемот, премиерот, студенти или било кој друг. Да не бев вакциниран, ќе завршев во карантин во Сиднеј. Државата ги поставува правилата“, кажа Морисон.

Морисон кажа дека тенисерите ќе можат да играат на Австралијан опен, но ќе мора да почитуваат други рестрикции и да одат во двонеделен карантин.