Решена е „мистеријата“: Откриено зошто Абрамович не зборува со Сари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси сезонава се бори за позиција во топ-4 на табелата во Премиерлигата, а им остана само шансата да го освојат трофејот во Лига Европа.

Маурицио Сари тргна одлично на „Стемфорд бриџ“, па многумина помислија дека може Челси да ја освои и титулата во Премиерлигата, но потоа следуваа големи проблеми и лоши резултати.

Челси доби и забрана за трансфери во наредните два преодни рока, а веќе многумина го отпишаа Сари, а познато е дека Италијанецот не е во најдобри односи ниту со Роман Абрамович, сопственикот на клубот од Лондон, кој престана да оди на натпреварите на лондонскиот клуб.

„Абрамович во моментов има некои проблеми, но и понатаму е вклучен во случувањата во клубот. Колку често зборувам со него? Па, тој повеќе зборува со Ѕола, зашто зборуваат подобро англиски од мене“, вели Сари.