Револуција во НБА: Нов формат на натпреварување во најсилната кошаркарска лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на НБА-лигата работи на нов формат на натпреварување меѓу 30 клубови во најсилната кошаркарска лига.

„ЕСПН“ објави дека НБА-лигата и здружението на кошаркари веќе почнале преговори за начинот на кој ќе се игра од сезоната 2022/23 или најдоцна од сезоната 2023/24.

Преговорите се фокусирани на систе на натпреварување кое би почнале на начин така што тимовите ќе бидат поделени во неколку групи, и тоа на некој начин ќе биде прелиминарно коло за регуларниот дел од сезоната.

Потоа најдобрите осум тимови од регуларниот дел ќе играат елиминациски турнир, а овој предлог подразбира дека бројот на натпревари ќе се намали од 82 на 78.

Натпреварувањето би доживеало кулминација околу Божиќ, а интересно е тоа што на кошаркарите им се дава и одредена парична награда ако го прифатат новиот формат.

Сепак, клубовите се загрижени поради можни загуби затоа што ако се намалат два меча по сезона, тоа значи дека ќе загубат од 2,7 до четири милиони долари.