РФМ го опомена Лазаров за црвениот картон против Пелистер (Видео)


Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


На дерби натпреварот меѓу Алкалоид и Пелистер, тренерот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, беше исклучен со црвен картон.

Лазаров, видно незадоволен од арбитражата, влезе во вербална расправија со судиите. Поради оваа ситуација, неговите играчи беа принудени да интервенираат.

Инцидентот се случи во 41-та минута на натпреварот, во салата „Автокоманда“. Денес, Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) официјално го опомена Лазаров за неговото однесување.

Фото: Принтскрин