Рибери го повика Робен во Фиорентина, а овој му одговори: „Ќе дојдам ако дојде и Ибрахимовиќ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот крилен фудбалер Франк Рибери пред неколку денови потпиша двегодишен договор со Фиорентина.

Тој предтходно дури 12 години помина во Баерн каде што ќе остане засекогаш легенда. Во Баерн долго време заедно играше со Арјен Робен кој на крајот од минатата сезона исто така одлучи да го напушти Минхен.

За разлика од Рибери, 35-годишниот Робен одлучи да се пензионира. Сепак, во едно интервју порача дека би можел да се предомисли.

Имено, Рибери го повика Робен да му се придружи во Фиорентина и заедно да ја продолжат фудбалската приказна, а одговорот на Робен бил многу занимлив.

„Ќе дојдам само ако дојде и Ибрахимовиќ“, рече Робен, пренесуваат италијанските медиуми.

Шансите за Ибрахимовиќ да дојде во Фиренца се многу минимални. Тој има договор со ЛА Галакси каде моментално пружа одлични партии и тешко е да се верува дека овој тим би го пуштил било каде во овој момент