Рибери вчера сакаше да го претепа, а денеска му се извини на судијата


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Фиорентина го загуби мечот против Лацио, но и Франк Рибери ќе мора да паузира неколку натпревари, откако по дуелот го нападна помошникот Пасери и сега го очекува строга казна.

Откако се „олади“ Французинот испрати порака до судијата и навивачите на Фиорентина, во која се извини поради неговиот потег.

„Жал ми е поради тоа што се случи синоќа, се извинувам на соиграчите, тренерот и навивачите. Се извинувам и на господинот Пасери, зашто на крајот на мечот бев нервозен и разочаран, па се надевам ќе разбере како ми беше“, порача Рибери.

Овој 36-годишен фудбалер на шест меча постигна два гола и две асистенции во Серија А.