Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот аргентински фудбалер Хуан Роман Рикелме во изјава за шпански „АС“ кажа дека е среќен поради трансферот на Лионел Меси во ПСЖ, но верува дека тој не завршил со Барселона.
Рикелме беше играч на Барселона од 2002 до 2005 година, а на „Камп Ноу“ не се прослави по што замина во Виљареал и дел од кариерата мина во Бока јуниорс.
„Се надевам дека Меси ќе ужива во Париз. Не знам дали е чудно, но сите сме возбудени да го гледаме заедно со Мбапе и Нејмар. Ако не ја освојат ЛШ сега, тогаш не знам дали ќе ја освојат некогаш“, кажа Рикелме.
Сепак, Рикелме смета дека Меси ќе се врати во Барселона и ги израдува навивачите.
„Мислам дека Меси ќе ја освои ЛШ со ПСЖ и ќе се врати во Барселона“, вели Рикелме.